Индикатори за квалитет на работата на училиштата

При утврдувањето на оценката за квалитетот на воспитно-образовниот процес, во текот на интегралната евалауција, се поаѓа од Индикаторите за квалитетот на работата во училиштата што се пропишани и донесени од страна на Министерството за образование и наука.

Со користењето на Индикаторите за квалитет на работата на училиштата, како единствена основа за вршење и на интегралната евалуација и на самоевалуацијата, се овозможи прецизен увид во работата на образовните институции и се дадоа препораки за подобрување на квалитетот на наставата во основните и средните училишта.

Квалитетот од спроведената Интегрална евалуација е проценет врз основа на однапред дефинираните критериуми во Индикаторите за квалитетот на работата на училиштата, идентификувани се силните страни на училиштата.

Целосната структура на Индикаторите за квалитет на работата на училиштата е прикажана подолу односно, тие претставуваат репер и насока за училиштата и патоказ во однос на тоа што тие треба да направат за да ја подобрат наставата и постигањата на учениците.

Области на евалуација:
- Наставен план и програма
- Постигања на ученици
- Учење и настава
- Поддршка на ученици
- Училишна клима
- Ресурси
- Унапредување и раководење

Индикатори за секоја област:
- Планирања на наставниците
- Наставен процес
- Искуства на учениците  од учењето
- Задоволување на образовните потреби на учениците
- Оценување, како дел од наставата
- Известување за напредокот на учениците

Тема за секој индикатор:
- Средина на учење
- Атмосфера за учење
- Поттикнување на превземање одговорност
- Интеракција научениците меѓу себе и со возрасните во училиштето

Евалуација на темите:
- Многу добро
- Добро
- Делумно задоволува
- Не задоволува


Структура на Индикаторите за квалитет на работата на училиштата

Индикаторите за квалитет на работата на училиштата овозможуваат да се изврши објективно оценување на квалитетот на работењето на училиштата врз основа на утврдени критериуми со што можностите за субјективно толкување на состојбите во училиштата од страна на тимовите за евалуација се сведоа на минимум. ИКРУ обезбедуваат основа за утврдување на недостатоците во различни области и процеси од работењето на училиштата на кои им е потребно понатамошно подобрување. Понатаму, користењето на овие индикатори овозможи да се консолидираат резултатите од ИЕ на национално ниво и да се изработи годишен извештај за квалитетот на образованието, прв од таков вид не само во Македонија, туку и во регионот. Овој извештај дава драгоцени насоки за подобрување на образовниот процес во училиштата.

Врз основа на направените анализи на конечните извештаи од Интегрална евалуација се констатира дека, во сите седум подрачја кои се предмет на евалуација во работата на училиштата, (наставни планови и програми, постигањата на учениците, учење и настава, поддршка (помош) на учениците, училишна клима, ресурси, управување (раководење и креирање на образовна политика) според Законот за просветната инспекција и Правилникот за начинот и постапката за вршење на инспекциски надзор на просветната инспекција констатирани се силни и слаби страни. Како резултат на слабите страни кои се констатирани од спроведената Интегрална евалауција во основните и средните училишта во Република Македонија за учебната 2013/2014 година Државниот просветен инспекторат дава препораки до училиштата кои ќе овозможат донесување издржани одлуки за воведување новини и унапредување на образовниот систем. Раководството и училишните одбори во училиштата ги следат дадените препораки и приоритети и врз основа на тоа, поставуваат многу пореални цели за развој на работата и подобрување на квалитетот на воспитно-образовниот процес.

 

Наши соработници:

01-MON-baner2-za-dpi  02-DIC-baner-za-dpi  03-BRO-baner-za-dpi  CSOO-14-web  

04-eDnevnik-baner-za-dpi   05-plagijati-baner-za-dpi  06-naukaMK-baner-za-dpi  07-patent-baner-za-dpi  

08-1000knigi-baner-za-dpi  09-npro-baner-za-dpi  10-skoool-mk-banr-za-dpi  11-e-ucebnici-baner-za-dpi

Home Интегрална евалуација Индикатори за квалитет на работата