Што е интегрална евалуација

Интегралната евалуација е клучниот елемент на Државниот просветен инспекторат преку кој се оценува квалитетот на образовниот процес и неговата ефективност во училиштата, се овозможува дијагностицирање на работењето на училиштата во седумте области:

1. Наставни планови и програми,
2. Настава и учење,
3. Постигања на учениците,
4. Поддршка на учениците,
5. Училишна клима,
6. Ресурси и
7. Раководење и управување.

Согласно Годишната програма за работа на Државниот просветен инспекторат, Законот за просветната инспекција („Службен весник на РМ” бр. 52/2005; 81/2008 , 148/2009, 57/2010, 51/2011, 24/2013, 137/2013, 164/2013 и 41/2014 година) со кој се пропишани надлежностите, овластувањата и организацијата на Државниот просветен инспекторат во Република Македонија, Прирачникот за Интегрална евалауција на училиштата подготвен до страна на УСАИД и Индикаторите за квалитет на работата на училиштата, Државниот просветен инспекторат во основните и средните училишта спроведува Интегрална евалуација сè во насока на заедничко подобрување на квалитетот на образованието.

Преку Интегралната евалуација на училиштата се врши надзор над квалитетот на образовниот процес и неговата ефективност во основните и во средните училишта, установите за образование на возрасните и во установите за образование и оспособување на ученици со посебни образовни потреби (во понатамошниот текст: образовни институции), како и надзор над примената на законите, другите прописи и општи акти од областа на образованието и согледување за извршената самоевалуација и подготвената програма за развој.

Конечниот исход од една Интегралната евалуација е деталниот извештај, изработен од страна на тим на инспектори и доставен до училиштето што било предмет на Интегралната евалуација, кој дава информации за работењето на училиштето и кој го поттикнува училишното раководство да преземе корективни активности за надминување на утврдените недостатоци и нерегуларности.

Тимот инспектори со Раководител на тим, кои ја спроведуваат Интегралната евалауција, се формира согласно големината и видот на училиштето односно, во основни училишта со 27 паралелки тимот се состои од три инспектори кои спроведуваат Интегрална евалауција 3 (три) работни денови, над 27 паралелки тимот се состои од три инспектори кои ја спроведуваат Интегралната евалауција 4 (четири) работни денови или пак, четири инспектори со 4 (четири) работни денови.

Во средните училишта Тимот на инспектори кои ја спроведуваат Интегралната евалауција е во зависност од видот на средното образование односно, во гимназиите Тимот се состои од три државни просветни инспектори кои ја спроведуваат Интегралната евалауција 3 (три) работни денови и во стручните училишта Тимот се состои од три државни просветни инспектори кои ја спроведуваат Интегралната евалауција 4 (четири) работни денови.

Извештајот од спроведената интегрална евалуација јасно и недвосмислено го покажува нивото на квалитетот и ефективност на образовниот процес и дали образовната институција работи во согласност со прописите и со другите акти или пак, има извесни неправилности и недостатоци што треба да се отстранат со имплементација на препораките дадени во извештајот.

Наши соработници:

01-MON-baner2-za-dpi  02-DIC-baner-za-dpi  03-BRO-baner-za-dpi  CSOO-14-web  

04-eDnevnik-baner-za-dpi   05-plagijati-baner-za-dpi  06-naukaMK-baner-za-dpi  07-patent-baner-za-dpi  

08-1000knigi-baner-za-dpi  09-npro-baner-za-dpi  10-skoool-mk-banr-za-dpi  11-e-ucebnici-baner-za-dpi

Home Интегрална евалуација Што е интегрална евалуација