Работилница за Нацрт Упатството за вршење инспекциски надзор во предучилишно образование (детски градинки, центри за ран детски развој)

Организацијата Потрага по заедничка основа во рамки на соработка и спроведување активности од проектот на УСАИД за „Унапредување на социјалната кохезија“, а во соработка со Државниот просветен инспекторат и Бирото за развој на образование, на 19 и 20 декември организираше стручна средба со вработените од Државниот просветен инспекторат и советниците од Бирото за развој на образование.

80239452 499822514216956 3958267586847703040 n

Повеќе...

Подготовки за примена на новиот Закон за инспекциски надзор

Во организација на Државниот просветен инспекторат на 19.11.2019 година во Клуб на пратеници се одржа работилница, која се однесуваше наподготовките за вршење на редовни инспекциски надзори, согласно новиот Закон за инспекциски надзор со примена на листи за проверка (чек листи) во основните, средните и високообразовните установи.

Согласно истиотзакон, државните просветни инспектори три дена пред вршење на редовен инспекциски надзор потребно е до воспитно-образовната установа по електронски пат да достават известување, за времетраењето на инспекцискиот надзор со придружна листа за целта на надзорот. Училиштата треба да изготват извештај за Самопроценка на работата во однос на надзорот и да обезбедат докази за истиот. Придружните листи кои се доставуваат до воспитнообразовните установи во скратена форма ќе бидат објавени на web страната на Државен просветен инспекторат.

thumbnail 2 

thumbnail 7 

Повеќе...

Работни средби со национални инспектори за средно стручно образование од Франција

1

Во период од 25ти до 29ти Март како гости на Државниот просветен инспекторат престојуваа Лаетитиа Статари и Надеж Андреу, национални инспектори за средно стручно образование од областа Гренобиле, Франција.  

Повеќе...

Надлежности на Државниот просветен инспекторат

Државниот просветен инспекторат врши надзор над:
-    постоење услови за вршење на дејноста во воспитно-образовните, високообразовните и научните установи, ученичките и студентските домови,
-    остварување на воспитно-образовниот процес во предучилишното, основното и средното образование,
-    посебните услови за избор на наставници, стручни соработници и воспитувачи,
-    стручното и педагошкото усовршување на наставници, стручни соработници и воспитувачи и полагањето на стручен испит,
-    употребата од учебници во основните и средните училишта,
-   постапката за избор во наставни, наставно-научни, научни и соработнички звања,
-   управување и раководење со воспитно-образовните установи за средно образование основани од државата и приватните средни училишта,
-    реализацијата на наставните планови и програми и другитепропишани стандарди и нормативи со кои се уредува воспитно-образовната дејност,
-    реализација на воннаставните активности,
-   реализацијата на експерименталните програми во воспитно-образовните установи,
-    спроведувањето на конкурсот за запишување на учениците и на студентите и на конкурсот за сместување на ученици и студентите во ученичките и студентските домови,
-    водењето на педагошката евиденција и документација, како и нивно издавање и употреба во предучилишното, основното, средното и високото образование и ученичките и студентските домови,
-    примена на нормативите за бројот на потребниге наставници и соработници и за големината на групата на редовни студенти во високообразовните установи,
-    постапката за донесување на студиските програми во високото образование;
-   следење на воспитно-образовниот процес за време на штрајк во предучилишното, основното и средното образование,
-   контрола на средствата стекнати од сопствени извори во установите за средно образование основани од државата и,
-   примена на законската регулатива во високото образовните и научните установи. 

 

Наши соработници:

01-MON-baner2-za-dpi  02-DIC-baner-za-dpi  03-BRO-baner-za-dpi  CSOO-14-web  

04-eDnevnik-baner-za-dpi   05-plagijati-baner-za-dpi  06-naukaMK-baner-za-dpi  07-patent-baner-za-dpi  

08-1000knigi-baner-za-dpi  09-npro-baner-za-dpi  10-skoool-mk-banr-za-dpi  11-e-ucebnici-baner-za-dpi

Home Новости