Подготовки за примена на новиот Закон за инспекциски надзор

Во организација на Државниот просветен инспекторат на 19.11.2019 година во Клуб на пратеници се одржа работилница, која се однесуваше наподготовките за вршење на редовни инспекциски надзори, согласно новиот Закон за инспекциски надзор со примена на листи за проверка (чек листи) во основните, средните и високообразовните установи.

Согласно истиотзакон, државните просветни инспектори три дена пред вршење на редовен инспекциски надзор потребно е до воспитно-образовната установа по електронски пат да достават известување, за времетраењето на инспекцискиот надзор со придружна листа за целта на надзорот. Училиштата треба да изготват извештај за Самопроценка на работата во однос на надзорот и да обезбедат докази за истиот. Придружните листи кои се доставуваат до воспитнообразовните установи во скратена форма ќе бидат објавени на web страната на Државен просветен инспекторат.

thumbnail 2 

thumbnail 7 

На работилницата беа разгледани голем број листи за проверка (чек листи), кои беа изготвени од работна група и притоа беа искажани согледувањата од страна на државните просветни инспектори.Одржаната работилница за презентација на чек листите беше позитивно поздравена од страна на државните просветни инспектори. Во прилог се мал дел од ставовите на инспекторите во однос на листите за проверка.

Во однос на чек листите за основно, средно, високо образование, како и другите за ученички и студентски стандард, сметам дека работната група, односно Државниот просветен инспекторат има направено една работа која до сега недостасуваше во  работата на државните просветни инспектори. На денешната средба сите колеги се со позитивен став и сметаат дека со ова ќе им се олесни работата на инспекторите, додека училиштата и другите субјекти, дали биле универзитети итн., ќе бидат поангажирани во доставувањето на податоците и со тоа ДПИ, како и Министерството за образование и наука и Владата на Република Северна Македонија ќе имаат многу појасна слика за работењето на воспитно-образовните институции. – Митре Шуминоски  

 thumbnail 12 

thumbnail 4

Во контекст на оваа обука за чек листите можам да кажам дека навистина ни недостасуваше самата обука во која на некој начин ги конкретизиравмесвоите задачи и работата која е ставена на хартија и притоа на некој начин ќе се изедначат инспекциските надзори кои ги вршат сите инспектори  на самите терени ширум Македонија. Во овој контекст сметам дека беше потребно многу поодамна да се преземат вакви активности и на некој начин ова е вториот степен на работа во делот на конкретизирање на работите на самиот инспекторат. Гледајќи ги самите чек листи сметам дека се прилично добро осмислени опфатени во најголем дел проблемите кои ги имаме во самото образование така да со мали корекции и дополнувања сметам дека ќе бидат солидни за вршење на самата работа. – Гордан Стојчевски

Чек листите се добра работа за инспекторатот особено за инспекторите. Ќе придонесат во квалитетот на инспекцискиот надзор и во изготвување на уникатни записници, со попрегледни резултати од инспекциските надзори а со тоа ќе се добијат и поконкретни податоци на ниво на инспекторат, општина и држава. -Гоце Крајчески

Чек листите се помош во однос на реализирањето на редовните инспекциски надзори. Покрај тоа што ги известуваме училиштата дека имаме редовни инспекциски надзори, даваме по кој основ ќе биде редовниот инспекциски надзор и што согласно со законската регулатива го бараме за време на надзорот. Ќе бидеме ефикасни и законски покриени со членовите. -Хермина Николовска

 

thumbnail 9  

Денешниот работен состанок е важен за унапредување на постоечките процеси кои произлегуват од Стратешкиот план и Годишната програма за работа на Државниот просветен инспекторат и нивно усогласување со новиот Закон за инспекциски надзор, како постигнување на транспарентен однос од страна на Државниот просветен инспекторат, кон воспитно-образовните установи во кои ќе се врши редовен инспекциски надзор.- Шабедин Љачи                                                 

Денешниот состанок со овој дневен ред ќе ни користи многу на нас инспекторите, добивме многу добри насоки во однос на тоа како ќе го применуваме новиот Закон за инспекциски надзор и исто така со дискусујата за најавената измена на Законот за инспекциски надзор и останатите закон. Значи, доста корисен состанок, на кој се разјаснија доста дилеми кои постојат меѓу нас инспекторите, за кои се разговараше на состанокот и мислам дека треба што почесто да се состануваме и да разјаснуваме некои работи со кои се соочуваме ние како инпектори во нашата секојдневна работа. - Ружа Стојанова                          

Државниот просветен инспекторат со оваа обука сака да постигне една новина во неговото работење, а тоа е превентивноста и одржливиот развој на училиштата. Ние како Државен просветен инспекторат никогаш и во ниедна смисла во своето инспекциско работење не сме сакале да го попречуваме наставно-воспитниот процес, но со измените во Законот за инспекциски надзор, ќе се постигне еден ред во вршењето на редовните инспекциски наздори, кои имаат за цел превенција и коригирање на работата на самите училишта, кои во овие времиња треба да постигнат уште подобри резултати во основа, на темелното основно образование, како средното стручно и гимназиско образование за да се оформат здрави личности и кадри кои ќе бидат многу потребни на оваа Држава. - Ѓорѓи Здравев

Истотака со примена на чек листите инспекцискиот надзор добива превенција во инспекциското делување со што ќе бидат намалени повредите на правната регулатива и ќе се подобри квалитетот во работењето на воспитно-образовните установи.                                                                                            

Со примена на чек листа се овозможува:

-Информираност на субјектот на надзорот за времето на надзорот

-Предмет на надзор

- Списи кои ќе бидат предмет на надзор

-Обем и време на надзор

- Инспекторатот се повикува на членови од законите, ги информира за законски обврски за прекршок , доколку не е согласно закон.

На работилницата во последната сесија беа разгледани ризиците од корупција за потребите на стратешкото планирање на борбата против корупцијата. Целта е да се утврди кои се и каде се најголемите ризици од корупција во областа на образованието и инспекцискиот надзор за да се пристапи кон креирање на системски решенија за нивно намалување/отстранување во процесот на изготвување на Национална Стратегија 2020-2024 и давање посебен акцент на улогата на инспекторатот при откривање на корупција.

thumbnail 6

 thumbnail 3

 

Наши соработници:

01-MON-baner2-za-dpi  02-DIC-baner-za-dpi  03-BRO-baner-za-dpi  CSOO-14-web  

04-eDnevnik-baner-za-dpi   05-plagijati-baner-za-dpi  06-naukaMK-baner-za-dpi  07-patent-baner-za-dpi  

08-1000knigi-baner-za-dpi  09-npro-baner-za-dpi  10-skoool-mk-banr-za-dpi  11-e-ucebnici-baner-za-dpi

Home Новости Подготовки за примена на новиот Закон за инспекциски надзор