ОБУКА во период од 28 Февруари – 1 Март 2020 година

Во Државен просветен инспекторат во периодот декември 2019 година и јануари 2020 година се вработени 12 нови државни просветни инспектори со цел  кадровско подобрување на капацитетот на Државниот просветен инспекторат.

89384151 574376810120127 717345540857135104 n

За полесно вклучување и извршување на редовните работни задачи, Државниот просветен инспекторат во соработка со УНИЦЕФ спроведува обуки за нововработените државни просветни инспектори.

Во период од 28 февруари  до  01 март 2020 година е спроведена обука за инспекторите за примена на правната регулатива, кодексот за однесување на инспекторите и административните службеници, инспекциската постапка во текот на редовните инспекциски надзори, изготвување и донесување на инспекциски акти како и управните постапки кои произлегуваат од редовните надзори. Обуката на инспекторите беше фокусирана на апликативната постапка при вршење на инспекциски надзор.

88246831 684663892272128 3896043672621285376 n

Дел од обуката е посветена на инклузивното образование и инклузивните тимови, како и индувидуалниот образовен план.

Обуките се спроведуваат од страна на тимот од Државниот просветен инспекторат во кој учествуваат директорот Томе Спировски, како и вработени во Државниот просветен инспекторат, Антониела Стојаноска, Нада Николова и Бесим Алија, кои и претходно имаат спроведувано обуки за инспекторите и придонеле во подобрување на капацитетите на вработените во Државен просветен инспекторат.

89001615 632308907338917 7835071403710742528 n

Со постапките кои се спроведени во однос на новопримените инспектори се зајакнуваат капацитетите на човечки ресурси за поквалитетно извршување на задачите кои ги има Државниот просветен инспекторат.

88130367 247844162896969 478585959525384192 n

Наши соработници:

01-MON-baner2-za-dpi  02-DIC-baner-za-dpi  03-BRO-baner-za-dpi  CSOO-14-web  

04-eDnevnik-baner-za-dpi   05-plagijati-baner-za-dpi  06-naukaMK-baner-za-dpi  07-patent-baner-za-dpi  

08-1000knigi-baner-za-dpi  09-npro-baner-za-dpi  10-skoool-mk-banr-za-dpi  11-e-ucebnici-baner-za-dpi

Home Новости ОБУКА во период од 28 Февруари – 1 Март 2020 година