Јавен оглас

Врз основа на член 21 став 3, член 22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија” број 27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/2018и 198/2018 година), а во врска со член 22, став 1, алинеја 1, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ број 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016 и 120/2018 година), Државниот просветен инспекторат објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

за вработување на 5 (пет) лица во Државен просветен инспекторат на определено време до крајот на тековната фискална 2020 година

Државен просветен инспекторат објавува оглас за вработување на 5 (пет) лица на определено време на следниве позиции:

  1. Возач, Скопје во Одделение за општи и административни работи, Сектор за стручно-административни работи - 1 извршител

Општи услови

-          да е државјанин на Република Северна Македонија,

-          активно да го користи македонскиот јазик,

-          да е полнолетен,

-          да има општа здравствена способност за работното место

-          со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

-      ниво на квалификации III или IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку средно образование, Средно образование, Гимназиско образование, Економски техничар или Градежен техничар

-          да поседува возачка дозвола, Б категорија

-          најмалку 1 година работно искуство во струката

Распоред на работно време:

-       работни часови во неделата: 40

-       работно време од понеделник до петок од 07:30/08:30 до 15:30/16:30 часот.

Паричниот износ на основната нето плата е 14.500,00 денари.

  1. Советник за поддршка и меѓународна соработка во инспекторатот во Одделение за општи и административни работи, Сектор за стручно-административни работи - 1 извршител

Општи услови

-          да е државјанин на Република Северна Македонија,

-          активно да го користи македонскиот јазик,

-          да е полнолетен,

-          да има општа здравствена способност за работното место

-          со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

-          ниво на квалификациите VIА според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,Образование на наставници, Наука за книжевноста или Наука за јазикот (Лингвистика)

-          активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),

-          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

-          најмалку три години работно искуство во струката

-         Распоред на работно време:

-       работни часови во неделата: 40,

-       работно време од понеделник до петок од 07:30/08:30 до 15:30/16:30 часот.

Паричен износ на основната нето плата е 26.253,00 денари.  

       3. Советник за за управување со човечки ресурси во Одделение за управување со човечки ресурсиСектор за стручно-административни работи – 1 извршител

Општи услови:

-          да е државјанин на Република Северна Македонија

          активно да го користи македонскиот јазик,

-           да е полнолетен,

-           да има општа здравствена способност за работното место

-           со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Посебни услови

-          ниво на квалификациите VIА според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, Образование на наставници или Наука за книжевноста

-          активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),

-          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

-          најмалку три години работно искуство во струката

Распоред на работно време:

-       работни часови во неделата: 40

-       работно време од понеделник до петок од 07:30/08:30 до 15:13/16:30 часот.

Паричен износ на основната нето плата е 26.253,00 денари.

       4. Советник за анализа на квалитетот во образованието во Одделение за инспекциски надзор и оценување на квалитетот во предучилишно, основно, средно, пост-средно образование, ученички домови, образование во специјализирани воспитно-образовни установи и друго образование во вардарски плански регион, Сектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот во предучилишно, основно, средно, високо и друго образование – 1 извршител

Општи услови:

-          да е државјанин на Република Северна Македонија

         активно да го користи македонскиот јазик,

-          да е полнолетен,

-          да има општа здравствена способност за работното место

-          со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Посебни услови

-          ниво на квалификациите VIА според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, Образование или Економски науки

-          активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),

-          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

-          најмалку три години работно искуство во струката

Распоред на работно време:

-       работни часови во неделата: 40

-       работно време од понеделник до петок од 07:30/08:30 до 15:13/16:30 часот.

Паричен износ на основната нето плата е 26.253,00 денари.

  1. Помлад соработник за унапредување на квалитетот во образованието во Одделение за инспекциски надзор и оценување на квалитетот во предучилишно, основно, средно, пост-средно образование, ученички домови, образование во специјализирани воспитно-образовни установи и друго образование во пелагониски плански регион, Сектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот во предучилишно, основно, средно, високо и друго образование - 1 извршител

Општи услови

-          да е државјанин на Република Северна Македонија

         активно да го користи македонскиот јазик,

-          да е полнолетен,

-          да има општа здравствена способност за работното место

-          со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

-          VIБ според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Образование, Економски или Правни науки

-          активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),

-          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

-          со или без работно искуство во струката

Распоред на работно време:

-       работни часови во неделата: 40,

-       работно време од понеделник до петок од 07:30/08:30 до 15:30/16:30 часот.

Паричниот износ на основната нето плата од 22.020,00 денари.

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите и посебните услови утврдени со Правилникотза систематизација на работните места во Државен просветен инспекторат.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заврена на нотар.

Кандидатите за сите работни позиции, потребно е да ги достават следните документи:

-         Доказ за државјанство;

-         Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност;

-         Уверение / диплома за завршен степен на образование;

-         Доказ за работно искуство

-         Доказ познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

-         Доказ за познавање на еден од од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски јазик);

-         Кратка биографија;

-         Писмо за мотивација.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено времедо 31.12.2020 година.

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 3работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Државен просветен инспекторат или по пошта на следнава адреса:

Државен просветен инспекторат

бул. „Св. Кирил и Методиј “бр. 54, 1000 Скопје

Архива на Државен просветен инспекторат

(со назнака „за оглас за вработување“)

Контакт број 02/3104-126

Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.

Наши соработници:

01-MON-baner2-za-dpi  02-DIC-baner-za-dpi  03-BRO-baner-za-dpi  CSOO-14-web  

04-eDnevnik-baner-za-dpi   05-plagijati-baner-za-dpi  06-naukaMK-baner-za-dpi  07-patent-baner-za-dpi  

08-1000knigi-baner-za-dpi  09-npro-baner-za-dpi  10-skoool-mk-banr-za-dpi  11-e-ucebnici-baner-za-dpi